Дали може општината и локалните институции да исчистат толку колку што злосторниците против животната средина можат да расфрлаат ѓубре?

gradezna_deponija_kaj_manastir_1

Локација на депонија на градежен шут на влез кон планината Голак и пред Манастирски комплекс Св. Богородица Балаклија.

Сподели

Во изминатите неколку месеци локалната самоуправа во Делчево предводена од Градоначалникот Иван Гоцевски воведе повеќе мерки и активности за справување со ужасните слики на расфрлано ѓубре, комунален смет, пластика и градежен шут на повеќе локации низ Делчево.

Но се чини дека колку повеќе градоначалникот, комуналното претпријатие и останатите надлежни институции чистат толку повеќе се шират како епидемија жариштата со расфрлан комунален смет и градежен шут.

Веднаш по доаѓањето на позицијата во месец ноември минатата 2025 година Градоначалникот Гоцевски како еден од главните приоритети, излезе со најава на кампањата “СЕ БОРИМЕ ЗА ПОЧИСТ ДОМ: ДЕЛЧЕВО СО НУЛА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА ОТПАД,” со која беа најавени редица на мерки и активности за борба против загадувањето на животната средина во општиина Делчево.

Беа кампањски исчистени повеќе локации на диви депонии, беа превземени мерки за обезбедување и уредување на постојната локација на градската депонија кај месноста Острец, беше спроведена кампања за подигање на свеста кај граѓаните, беше поставено ова прашање како точка на дневен ред на состанок на Локалниот совет за превенција…

ЈКП “Брегалница” Делчево согласно своите моментални можности и апацитети пристапија со серија свои активности кон подобрување на јавната чистота во централното градско подрачје и периферните населби на Делчево како и руралните населени места.

Но и покрај сите овие преземени активности дивите депонии не исчезнуваат туку уште повеќе се појавуваат.

КАДЕ Е ПРОБЛЕМОТ?

Проблемот е кај сите нас заедно како локална заедница:

  1. Неодговорни поединци-злосторници против животната средина и колективното здравје и стандард за живот
  2. Недоволен капацитет на ЈКП “Брегалница” Делчево како резлтат на долгогодишното недомаќинско и игнорантско работење во изминатите години,
  3. Недоволно развиена јавна свест на граѓаните на општина Делчево за потребата за борба против злосторниците против животната средина во Делчево
  4. Недоволно медиумска изложеност и третман на проблемите
  5. НЕДОСТИГ НА САНКЦИИ И КАЗНИ ПРОТИВ ЗЛОСТОРНИЦИТЕ ПРОТИВ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО ДЕЛЧЕВО
  6. Мал капацитет на граѓанските организации за борба против злосторниците против животната средина

Оваа листа на причини за лошата состојба со ѓубрето во Делчево веројатно може да се прошири со уште неколку други, но се најзначајните.

Затоа проблемот треба да започне со решавање на овие неколку вака посочени точки од страна на сите надлежни и релевантни фактори.

Дестинација Делчево како локален медиум во наредниот период специфично меѓу другите теми ќе се занимава и со оваа тема и стои на располагање на сите граѓани за пријава на секој злостор против животната средина во Делчево и истакнување на аномалиите во јавност се со цел за нивно решавање но и подигање на свеста за потребата од воспоставување на здрава животна средина во Делчево и поширокиот регион.

Наталожените проблеми со децении наназад треба да почнеме да ги решаваме од денес, затоа што утре е касно!

За авторот на оваа објава