Настап за паметење на Копачката на “Русалиски средби 2026” во Секирник
Во четврток на 27.08.2026 година свој забележителен настап имаа членовите на фолклорната група “Копачка” од село Драмче во селото Секирник на 15-те Русалиски средби.
Во рамки на настапот на носителите на нематеријалното културно богатство под заштита на државата и УНЕСКО, се претставија со повеже традиционални изведби специфични само за оваа фолклорна група.
Извонреден настап имаа членовите на ЗФГ КОПАЧКА с. Драмче, Делчево, на 15. Русалиски средби- фолклор, Секирник, Босилово, на ден 27.08.2026. Тамбурашите Христијан Петровски и Благој Стоименовски, заедно со женската играорна група ги изведоа ората „Ситно“ и „Копачка“, а истите овие пијанечки бисери на ора мажите играорци ги изведоа на тапани со Адријан Стаменовски и Митко Златковски. Орото „Копачката“ е светско културно наследство впишано во УНЕСКО- Репрезентативна листа за нематеријални културни наследства на човештвото, а уметниците од ЗФГ КОПАЧКА с. Драмче, Делчево се единствените носители-практичари од Македонија. Патните трошоци се на товар на Министерството за култура- благодарност до нив, како и до домаќините на фестивалот за гостопримството”
-напишаа на социјалните мрежи од ЗФГ “Копачка” с. Драмче, општина Делчево.
Гото извор: Фејсбук
