Монументален концерт за паметење пред делчевската публика на женскиот хор “Св. Злата Мегленска” Скопје
Врвен светски настан во Делчево: Хорот Св. Злата Мегленска покажа зошто се број еден на светската хорска музика за црковно пеење.
Успесите на организација на културни настани на највисоко светско ниво од страна на општина Делчево продолжуваат со несмален квантитет и квалитет.
Во петок 22 Мај 2026 година фоајето на СПОМЕН ДОМОТ АСНОМ во Делчево беше претесно да ги собере љубителите на безвременски музички вредности со кои може да се гордее Македонскиот народ. Божествените гласови на членките на женскиот црковен хор “Св. Злата Мегленска” од Скопје се покажаа достојни на повеќе децениската репутација со која што генерации на хорски изведувачи дефилираат во ѓерданот на бисери на светското хорски пеење.
Изведувајќи за првпат две нови композиции аранжирани од нивната диригентка Летка Димовска- Полизова пред делчевската публика, дамите од македонскиот хорски бесценет камен им подарија на посетителите на овој духовно-интимен но и општествено грандиозен настан можност да бидат сведоци на историски настан кој долго ќе го паметиме и за кој ќе се раскажува.
Концертниот настан има уште поголема симболика и важност затоа што ЕЛС Делчево и Градоначалникот Иван Гоцевски истиот го реализираа во рамки на повеќе дневната манифестација посветена на Св. Кирил и Методиј- патрони и заштитници на Делчево како дел од свечената академија организирана од страна Претседателот на Советот на Општина Делчево.
Сензибилитетот на музичките композиции од кои извира божествена нишка на привидение на нашата Македонска православна црква- Охридска архиепископија се силен белег на препознатливост на Македонскиот музички наратив кој од исконски времиња тлее но истовремено и пламти помеѓу Македонските музички дејци и народ. Тоа што може да се наслушне во дамарите на душата на еден народ, како ангелска песна од небесата, тоа за народот од ова Македонско парче земја под небото е постоењето на хорот “Св. Злата Мегленска” Скопје.
Овие вибрации кои што го разбрануваа просторот во центарот на Длечево се како излезени од рајот и како такви се убав начин преку кој што Господ-Бог знае да допре до душите на овој побожен народ.
Ако еден културен настан може да се нарече остварување на еден децениски сон на еден човек, тогаш ова е тоа: Концертот на женскиот хор “Св. Злата Мегленска” Скопје е личен сон на авторот на овој текст повеќе од 15-тина години најпрво да го доближи овој вид на музичка креација до пошироката публика во Делчево а потоа и да биде дел од еден ваков концерт во фоајето на Спомен домот АСНОМ кое е како создадено за ваков вид на перформанси.
Упатувам лична благодарност до сите дами кои се претставија пред делчевската публика и верувам дека многу скоро повторно ќе се видиме во Делчево.










