Честитка по повод денешниот празник упатија од СОУ “М.М.Брицо” Делчево
Со длабока почит кон делото на светите браќа Кирил и Методиј го одбележуваме денот посветен на словенската писменост, просвета и култура.
Нивната визија и посветеност кон знаењето и образованието и денес се светол патоказ за генерациите што учат, создаваат и го негуваат мајчиниот јазик.
Нека празникот донесе мудрост, инспирација и верба во силата на образованието.
Честит 24 Мај!
