Култното спортско игралиште во дворот на гимназијата во Делчево блесна со нов сјај
Мултинаменското спортско игралиште во дворот на Средното општинско улилиште “Методи Митевски Брицо” во Делчево на кое израснаа голем број на генерации на млади луѓе, дружејки се и спортувајки со децении наназад, блесна со нов сјај, со што овој спортски терен продолжува да биде врска меѓу сегашните и идни генерации на спортисти и рекреативци во Делчево.
Овој спортски терен заедно со спортските терени во дворот на ООУ “Ванчо Прќе” во Делчево е еден од најангажираните каде голем број на спортисти и рекреативци секојдневно тренираат и спортуваат, покрај неговата основна функција да биде користен за потребите на воспитно-образовниот процес за учениците во гимназијата.
Рконструкцијата на повеќе позиции кои што беа запуштени и сериозно оштетени во изминатите години доаѓа по иницијатива на градоначалнкот на ошштина Делчево Иван Гоцевски во соработка со директорката на СОУ “М.М.Брцо” Марина К. Синадиновски и со поддршка на вработените на ЈКП “Брегалница” Делчевои директорката Марија Сумрачка со чие што залагање се реконстуира игралитето.
Најзначајно од се е што на игралиштето беа поставени рефлектори за да биде користено во подоцните свежи часови кога времето заладува после дневните тропски темератури а кога делчевчани најмногу сакаат да спортуваат и рекреираат на ова игралиште.
“Осветлено и уредено спортското игралиште при СОУ „Методи Митевски-Брицо“!
Младите и сите рекреативци добија уште едно безбедно и современо место за спорт, дружење и здрав живот.
Наместо улица и пороци – да избереме спорт, дисциплина и активен живот.
Одлично место за мирен разговор и прошетка…
Да ги чуваме и користиме овие спортски терени со почит, затоа што тие се создадени за сите нас и за генерациите што доаѓаат.
Заедно градиме поздраво, поубаво и посилно Делчево!”
-напиша на социјалните мрежи градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски во врска со овие активности.
