ноември 4, 2026

Компанијата ММЦ Прогрес од Делчево донираше заштитни одела од својот асортиман за ТППЕ Делчево

772535135_2613782595743157_3875562211773449990_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Во текот на вчерашниот ден во рамки на настанот Форум на дијаспората од страна на општина Делчево беа промовирани новите заштитни одела за пожарникартите од делчевската територијална противпожарна единица.

Станува збор за висококвалитетни заштитни одела кои оваа компанија ги произведува по високи стандарди за европски пазари а кои што ќе им е најдат на поарникарите за претстојниот период и месеци со пониска температура.

Градфоначаликот на општина Делчево Иван Гоцевски ја поздрави оваа донација и упати апел за мотивација и за останати општествени одговорни компании да се вклулат во вакви активности во интерес на јавното добро на локалната заедница во Делчево.

“Импресионира фактот што се’ повеќе општествено одговорни фирми во Делчево сакаат да донираат опрема за потребите на ТППЕ Делчево.

Денес имавме можност во рамки на нашиот Форум на дијаспората од Делчево да промовираме една таква донација на заштитни одела за нашите пожарникари. Компанијата ММЦ Прогрес од Делчево на дело покажува како може да помогне за јавното добро на сите граѓани преку обезбедување на дополнителни заштитни одела за нашите херои во ТППЕ Делчево.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Нека оваа порака биде мотивација за слични вакви иницијативи за соработка и меѓусебна поддршка.”

-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот Гоцевски во врска со оваа донација.

За авторот на оваа објава