Како да пристигнете во Делчево?

lokacija delcevo
Сподели

Општина Делчево се наоѓа во крајниот североисточен дел на Република Македонија, во подножјето на планината Голак (Чавка ‑1524м), непосредно до бугарската граница на оддалеченост од само 10км.  На исток е заградена со планината Влаина, на север со Осоговските и на југ со Малешевските планини. Сместена е во котлината Пијанец и распослана по горниот тек на реката Брегалница. 

Општината со нејзината поширока околина се протега на следните координати: 41º 58’ северна географска ширина и 22º 46’ источна географска должина, на надморска височина од 630 метри. Површината изнесува 422.39 km². 

Сообраќајното поврзување на Делчево со остатокот од Република Македонија се одвива преку

-регионалниот пат А3 кон општина Македонска Каменица. Должината на одалеченост од центарот на Делчево до центарот на Македонска Каменица е 24 километри и истата се поминува за околу 25 минути со моторно возило.

-Регионалниот пат Р1302 кон општина Пехчево. Должината на одалеченост од центарот на Делчево до центарот на Пехчево е 29 километри и истата се поминува за околу 30 минути со моторно возило.

-Регионалниот пат Р1302 кон општина Берово. Должината на одалеченост од центарот на Делчево до центарот на Берово е 37 километри и истата се поминува за околу 40 минути со моторно возило.

Во најблиска оддалеченост од Делчево се наоѓаат аеродромите

-Александар Македонски во Скопје кој што е на оддалеченост од 145 километри или времетрање на возење од околу 2 часа со моторно возило.

-Кристофор Колумбо во Софија кој што е на оддалеченост од 140 километри или времетрање на возење од околу 2 часа и 20 минути со моторно возило преку македонско-бугарската граница на граничниот премин кај Делчево (месност Арнаутски гроб).

Од најблиската железница во Кочани Делчево е оддалечено 40 километри,

Од најблиското пристаниште во Солун Делчево е оддалечено 250 километри.

Според овие сообраќајни поврзувања можеме да кажеме дека местоположбата на Делчево од географски аспект е поволна, но релативно лошите сообраќајни услови не овозможуваат благопријатно патување кон прекрасните локации кои се застапени на територијата на целата општина и претставува потенцијал кој во иднина може и мора да се развива.

За авторот на оваа објава