Интензивна работна агенда на гостите- градоначалници од Италија со градоначалникот Гоцевски
Првиот работен ден од посетата на високите и ценети гости од Италија на општина Делчево поминува во интензивно работно темпо со многу средби, посети и воспоставување на соработки и комуникација.
Денешната агенда на градоначалниците од Италија подразбира средби на највисоко локално ниво со претставници на локалните училишта, здравниот дом, повеќе локални компании како и комплексот на Филтер станицата за вода за пиење на град Делчево во атарот на село Тработивиште.
Во врска со оваа агенда градоначалникот Гоцевски пренесе кратка информација во јавноста:
“Во рамки на посетата на моите драги пријатели од Италија, денот го продолживме со низа убави средби и посети.
Го посетивме СОУ „Методи Митевски – Брицо“, Здравствениот дом во Делчево, како и неколку наши компании, по што ја посетивме и пречистителната станица во Тработивиште.
Денот го заокруживме со посета на Спомен-домот во Разловци и црквата „Цар Константин и Елена“.
Сега со нетрпение ја очекуваме вечерната програма и концертите на Суперхикс и Влатко Миладиновски.
Делчево вечерва ќе живее во ритамот на музиката!”
-напиша на социјалните мрежи во врска со денешната интензивна работна агенда со гостите од Италија, градоначалникот Гоцевски
