ноември 5, 2026

Акција за превенција за безбеден сообраќај на граничниот премин кај Делчево кон Бугарија

767540368_1672532554873754_6383362545060720979_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Во рамки на кампањата ПАТУВАМЕ БЕЗБЕДНО на граничниот премин „Делчево“ се реализираше едукативно-превентивна активност за одговорно и безбедно учество во сообраќајот организирана од ОСБСП Делчево и Општина Делчево и во соработка со МВР — РЦ за ГР – Исток, МВР — ОВР Делчево, МВР — Отсек за превенција при СВР Штип и Црвен крст на РСМ – Општинска организација Делчево, а поддржана од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Во оваа едукативно-превентивна активност преку непосредни средби на возачите им беа потенцирани ризиците при патувањата за време на летниот период, им беа давани препораки за одговорно и безбедно учество во сообраќајот со поделба на флаери, додека од страна на волонтерите на Црвениот крст и медицинско лице на возачите на тешки товарни возила им беше мерен крвниот притисок, а на сите возачи им беше поделена вода за освежување поради високите температури.

Од страна на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Делчево и МВР до учесниците во сообраќајот за време на летниот период се апелира:

- Редовно да се проверува техничката исправност на возилата пред патување;

- На пат секогаш да се тргнува одморен;

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

- При подолги патувања на секои 2 часа да се прави пауза од најмалку 15 минути;

- Да се почитуваат сообраќајните правила и прописи;

- Да се вози смирено и толерантно кон другите учесници во сообраќајот.

Кампањата ПАТУВАМЕ БЕЗБЕДНО на ОСБСП Делчево се спроведува за време на летната туристичка сезона и претставува значаен дел од континуираните активности на ОСБСП Делчево за унапредување на сообраќајната култура и намалување на бројот на сообраќајни незгоди на подрачјето на Општина Делчево, преку едукација и превенција.

За авторот на оваа објава