ноември 4, 2026

Градоначалникот Гоцевски се сретна со Дарко Тасевски- гитарист и музичар кој активно твори на поле на музиката во различни музички жанрови

784428531_1690735373053472_6849787636780779015_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Денес градоначалникот разговараше со Дарко Тасевски- гитарист, музичар и автор на музика од Делчево кој долги години работи на полето на музичкото творештво.

Неговите музички албуми се движат помеѓу рок, блуз, традиционална и класична музика а според она што имав можност да го слушнам е дека наскоро би можеле да очекуваме и концертна музичка промоција не едно од неговите дела.

Инспирира ентузијазмот и енергијата на овој музички артист за мене како градоначалник да создаваме уште подобри услови за афирмација пред се на локалните вредности но и сите модерни уметнички трендови со што нашето Делчево ќе биде уште поафирмиран центар на културни и забавни содржини во периодот кој следува. Сакам да му честитам на Даре за неговата посветеност и уметничка имагинација и ги охрабрувам сите наши сограѓани да создадат дело-повеќе вредно за афирмација во јавност.

За авторот на оваа објава