ноември 12, 2026

Делчево се развива: Целосна реконструкција и проширување на граничниот премин кон Бугарија

ulica_kon_granichen_premin_bugarija
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Развојот и зголемувањето на економската активност на Делчево и регионот на источна Македонија е причина за реконструкцијата и проширувањето на постојниот граничен премин кај месноста Арнаутски гром на територијата на општина Делчево кон соседна Бугарија.

Брзото сообраќајно поврзување на Македонија и Делчево со соседна Бугарија а со тоа и Европската Унија е еден од основниоте предуслови за развој на економијата како на локално така и на регионалнои ниво, така што оваа инвестиција која се преви во развој на овој инфраструктурен проект же се исплати повежекратно во периодот кој следува.

Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски со свое соопштение во јавноста ја истакна важноста на реализацијата на овој проект кој е финансиртан од фондовите на ЕУ какко и од националните фондови на Македонската влада.

УБАВА ВЕСТ ЗА ДЕЛЧЕВО – ЗАПОЧНУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ДЕЛЧЕВО! 🇲🇰🇪🇺

Со особено задоволство сакам да соопштам дека започнува реализацијата на проектот за реконструкција на Граничниот премин Делчево, проект кој е од исклучително значење за нашата општина, но и за целиот источен регион.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Проектот, кој го реализира Царинската управа, со финансиска поддршка од Европската унија преку инструментот за претпристапна помош ИПА III, предвидува значајна и сеопфатна модернизација на граничниот премин.

Во рамки на проектот е предвидена:

🔹 реконструкција на Управната зграда на ГП Делчево;

🔹 реконструкција на зградата за стоково царинење на терминалот;

🔹 реконструкција на асфалтните површини и подземните водови;

🔹 дислокација и поставување нова дигитална вага за товарни возила.

Договорот за изведување на градежните работи е потпишан во јули 2026 година, а со тоа се создадени услови конечно да започнат конкретните активности на терен.

Сакам јавно да упатам голема благодарност до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, за поддршката и посветеноста кон Делчево и источниот регион, како и до Министерството за транспорт и министерот Александар Николоски, за заложбите и поддршката во реализацијата на овој значаен проект.

Благодарност упатувам и до Царинската управа и сите институции вклучени во процесот, како и до Европската унија за финансиската поддршка.

Како градоначалник, особено ме радува што Делчево добива помодерен, пофункционален и подобро организиран граничен премин, кој е една од најважните порти на нашата општина и државата кон Република Бугарија и Европската унија.

Ова е значајна инвестиција за Делчево, за стопанството, транспортот, туризмот и за сите наши граѓани кои секојдневно го користат граничниот премин.

Делчево заслужува современа инфраструктура и силна поврзаност со нашите соседи и Европа. Продолжуваме со работа и со реализација на проекти кои носат конкретен развој за нашиот град!

-стои во соопштението упатено во јавноста од страна на Градоначалникот на Делчево Гоцевски.

За авторот на оваа објава