ноември 4, 2026

Честитка од градоначалникот на Делчево за сите матуранти

701445475_1592823656177978_7770452545575554394_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски денеска им ја честиташе матурата на сите матуранти кои што овој месец го завршуваат средното образование и продолжуваат кон нови успеси и предизвици во понатамошните животи.

“Почитувани матуранти,

Искрено ви ја честитам матурата и ви посакувам да патувате и да сонувате и да ги остварите вашите соништа и амбиции.

Чекорете во животот гордо и достоинствено како вечерва, освојувајте височини и не бегајте од предизвиците, туку претворете ги во можности.

Матурата е само почеток на нов период од вашиот живот. Верувам дека знаењето што сте го стекнале во делчевскиот средношколски училишен центар, го постави темелот за вашиот напредок, а пријателствата стекнати во ученичките клупи, ќе ви останат како аманет за едно другарство кое ќе ве следи целиот живот.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Никогаш не заборавајте ги водите на немирната Брегалница, Голак кој ве следи на секој чекор, делчевските улици, бидејќи тие се дел од вашиот идентитет. Тука се вашите први чекори и првите победи. Тука се вашите корени што ве изградиле во тоа што сте денес и тука е вашиот дом.

Среќно, драги матуранти, животот ве чека!”

-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот Гоцевски.

За авторот на оваа објава