Нови улици за жителите на населбата “Пролет” во Делчево со целосна подземна инфраструктура (водовод и канализација)
Во тек се градежните активности за изградба на повеќе улици во населбата “Пролет” во Делчево.
Станува збор за изградба на целосна подземна инфраструктура што подразбира изгрдба на нови линии на водовод и канализација (фекална и атмосферска) и обезбедување на приклучок за соодветните градежни парцели и одведување на фекалната и атмосферската канализација до соодветни реципиенти. Потоа доаѓа изградбата на горниот строј на улиците со формирање на тротоарите и коловозот.
Во рамки на годипната програма на Градоначалникот Иван Гоцевски за жителите на овој дел од населбата “Пролет” предвидено е да се изградат улица “4 в”, дел од улица “3”, дел до улица “5” и дел од улица “1”. Вкупната инвестиција од 8.4 милиони денари со која ќе се изгрдат делници во вкупна должина од 420 метри е обезбедена од страна на Владата на Република Македонија преку годишниот Буџет на Министерството за транспорт а изведувач на работите е делчевска локална градежна компанија.
Увид во почетокот на градежните работи направи градоначаникот Иван Гоцевски кој истакна дека новата населба Пролет во Делчево ќе биде една од најубавите населби и со сите проекти кои се работат во населбата, таа го добива својот урбан лик.
-“Со инфраструктурните проекти продолжуваме и наредниот период. Деновиве го распишавме општиот тендер за изградба на патна инфраструктура во висина од околу 10. милиони денари. Овој тендер најавува работно лето во Делчево и изградба на инфраструктура која е во насока на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Со тендерот е предвидена изградба на неколку улици, санирање критична инфраструктура и сл.,”
-информираше за јавноста Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски во врска со овој проект.
Сообраќајната и комуналната инфраструктура особено во урбаните подрачја во Делчево е главен фокус во работата на Градоначалникот Гоцевски за што екипите во ЕЛС Делчево напорно работат за обезбедување на потребната документација и спроведување на сите законски процедури за да граѓаните на Длечево добијат поквалитетен животен стандард.
