Градоначалникот Гоцевски ги додели наградите на најуспешните 10-мина средношколци од делчевската гимназија

699106010_1577296094395213_2246884866297191258_n
Сподели

Вечерва на пригодна свеченост по дефилето на матурантите по делчевските улици и пред нивната матурска прослава, директорката на СОУ “М.М.Брицо” Делчево и Градоначалникот на општина Делчево ги доделија наградите на најуспешните 10-мина средношколци- мадуранти.

Станува збор за награди кои што беа воспоставени во далечната 2011 година а кои традиционално оттогаш се доделуваат како награда на 10-мината најдобри ученици по успех во текот на нивниот образовен процес во изминатите 4 години.

“Делчевските матиуранти вечерва го обоија Делчево во боите на младоста и елеганцијата со традиционалното дефиле на генерацијата матуранти 2022/2026 од делчевскиот средношколски училишен центар СОУ„М.М.Брицо“.

Делчевските матуранти, 66 на број, вечерва ја прославуваат својата матурска вечер, а прославата започна со дефилето на матураните низ центарот на Делчево што го проследија голем број граѓани кои заедно со нив се радуваа на генерацијата која чекори во иднината исполнета со многу соништа и амбиции.

Градоначалникот Гоцевски  упатувајќи честитката до матуранти потенцираше дека матурантите ја имаат моќта и можноста да го менуваат светот на подобро.

–          Искрено ви ја честитам матурата и ви посакувам да патувате и да сонувате и да ги остварите вашите соништа и амбиции. Чекорете во животот гордо и достоинствено како вечерва, освојувајте височини и не бегајте од предизвиците, туку претворете ги во можности. Матурата е само почеток на нов период од вашиот живот. Верувам дека знаењето што сте го стекнале во делчевскиот средношколски училишен центар, го постави темелот за вашиот напредок, а пријателствата стекнати во ученичките клупи, ќе ви останат како аманет за едно другарство кое ќе ве следи целиот живот. Никогаш не заборавајте ги водите на немирната Брегалница, Голак кој ве следи на секој чекор, делчевските улици, бидејќи тие се дел од вашиот идентитет. Тука се вашите први чекори и првите победи. Тука се вашите корени што ве изградиле во тоа што сте денес и тука е вашиот дом, порача Гоцевски.

Вечерва беа доделени и наградите и признанијата за најдобрите 10 матуранти од овој училишен центар.

За првенец на генерацијата е прогласен Лука Стојменовски ученик од 4–1 клас. На списокот најдобри матуранти се и:

-Ива Цонева, ученичка од 4–1 клас;

-Даме Ивановски, ученик од 4–2 клас;

-Ива Анакиевска, ученичка од 4–1 клас;

-Ивана Дамјановска, ученичка од 4–2 клас;

-Сара Петровска, ученичка од 4–1 клас;

-Сара Ангелова, ученичка од 4–2 клас;

-Ана Ивановска, ученичка од 4–2 клас;

-Јана Попова, ученичка од 4–2 клас;

-Сара Тодоровска, ученичка од 4–1 клас.

Согласно со Програмата за образование на Општина Делчево, годинава најдобрите 10 матуранти ќе добијат парична награда во висина од 20.000 денари, додека првенецот на генерацијата ќе добие парична во висина од 30.000 денари.”

-напишаа од Општина Делчево во врска со овој настан.

За авторот на оваа објава