Центарот на Делчево претворено во саем на моторни тезги

viber_image_2026-04-25_15-36-41-289_2
Сподели

По улиците како и на јавниот паркинг во центарот на Делчево се позабележително е присуството на автомобили кои што со кренати врати на своите багажници делат пакети на граѓани. Сликата е далеку по непосакувана кога неретко овие подвижни моторни тезги околу возилото имаат натрупано стока која што никој не ја проверува ни контролира а плаќањето за истата од стран на граѓаните многу често оди во кеш и пари на рака.

Од тоа што може да се забележи станува збор за делење на роба од доставувачи кои што работат за некои од глобалните онлајн продавници, а доставата наместо да се врши до куќен праг се врши вака по улиците и по паркинзите во најфрекфентните делов од градот.

Дали делењето на стоки и предмети на јавни паркинзи во Делчево е вака дозволено и каков впечаток оставаат ваквите моторни тезги за изгледот на градот кој ваквите тезги го претвараат како некое предградие на Бомбај или Калкута?

За авторот на оваа објава

Најнови објави