Во Делчево едногласно усвоен Патоказот за Зелена агенда за Источниот плански регион
Денес, на седницата на Centre for Development of the EPR — Центар за развој на ИПР, едногласно беше усвоен Патоказот за Зелена агенда за Источниот плански регион 2025–2030, изработен од Центарот за климатски промени во консултација и со придонес на општините од регионот.
Патоказот претставува конкретна рамка за забрзување на зелената трансформација на регионот и ги преточува принципите на Зелената агенда во мерки и активности применливи на локално ниво. Документот ги опфаќа декарбонизацијата и енергијата, циркуларната економија, намалувањето на загадувањето, заштитата на природата и биодиверзитетот и одржливото земјоделство и рурален развој.
Едногласното усвојување е важен резултат од процесот што го водевме заедно со локалните чинители, од прибирање и дополнување на податоците до дефинирање на приоритетите и конкретните мерки. Следниот чекор е Патоказот да служи како практична основа за координирано планирање и спроведување на зелените политики во сите 11 општини од Источниот плански регион.
Проектот се спроведува од страна на Центар за климатски промени / Center for Climate Change во соработка со: National Roma Centrum, Foundation for Local and IT Development- Gevgelija, Eco Action Tetovo, Регионално географско друштво „ГЕОСФЕРА“ — Битола, Eco-Green Movement, Berovo, Екотуризам Охрид / Ecotourism Ohrid и Младинска организација Креактив.
Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Civica Mobilitas.
Embassy of Switzerland in North Macedonia
Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Центарот за климатски промени и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.
