УМЕТНОСТ ШТО НОСИ НАДЕЖ – ВО ЧЕСТ НА ДЕЛЧЕВО
Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски присуствуваше на на изложбата на уметницата Ана Митевска на ликовна изложба под наслов “Надеж” која што беше отворена во фоајето на Спомен домот АСНОМ во Делчево.
Изложбата беше отворена од страна на директорот на НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево Златко Начовски и стручниот соработник за визуелни уметности Александар Белогаски.
“По повод одбележувањето на 82 години од ослободувањето на Делчево, со особено задоволство присуствував на ликовната изложба „НАДЕЖ“ на уметницата Ана Митевска, поставена во фоајето на Спомен-домот АСНОМ.
Изложбата преку дваесет уметнички дела носи силна порака за надежта, човечките емоции и светлината која ја бараме и во најтешките моменти.

Ми претставува задоволство што во рамки на програмата „Денови на мојот град“, Делчево е место каде што културата и уметноста добиваат заслужен простор. Ваквите настани го збогатуваат културниот живот на нашиот град и ни даваат можност да го препознаеме и поддржиме творештвото на нашите уметници.
Упатувам искрени честитки до Ана Митевска за изложбата и за пораката што ја испраќа преку своите дела – дека без разлика на предизвиците, надежта секогаш треба да остане нашата најсилна светлина.
Настанот е во организација на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, со поддршка од Министерството за култура и туризам”
-напиша на социјалните мрежи градоначалникот Гоцевски во врска со овој настан


