Гоцевски: Потписот на швајцарските граѓани стои на големи капитални проекти во Делчево
Во текот на вчерашниот ден Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски присуствуваше на официјален прием организиран од страна на Амбасадата на швајцарската конфедерација во Република Македонија по повод Националниот ден на Швајцарија.
По тој повд градоначалникот Гоцевски упати своја порака во јавноста за значењето и поддршката која што јадаваат граѓаните на Швајцарија преку нивната амбасада во Скопје за граѓаните на Делчево но и поширокиот регион.
“Ми претставува особена чест што денеска присуствувам на приемот по повод Националниот ден на Швајцарија на покана на амбасадорот Н.Е. Кристоф Сомер и г‑ѓа Адријана Ариза Дусан.
Швајцарија е пример за држава во која традицијата, демократијата, одговорното управување и локалната самоуправа се темели врз кои се гради силно и успешно општество. Но и држава, каде живеат и работат многу наши иселеници, па затоа врската е посебно значајна и пријателството што се гради е важна алка за нас во Делчево.
Ваквите средби се одлична можност да размениме искуства, да воспоставиме нови контакти и да отвориме простор за идни партнерства.
Швајцарската Конфедерација е и најголемиот донатор во Делчево. Потписот на швајцарските граѓани стои на големи капитални проекти во Делчево, како што е големиот проект за Подобрување на водоснабдувањето на Делчево, но и на многу други проекти кои се однесуваат на заштитата на животната средина.
Како локална самоуправа, особено го цениме значењето на соработката со меѓународните партнери и можностите што тие ги создаваат за развој на нашите општини и подобар живот на граѓаните.
Искрено и од срце, на граѓаните на Швајцарија им го честитам Националниот ден, со желба за мир, благосостојба и уште поголеми успеси на пријателската Швајцарија. Верувам дека пријателството и соработката меѓу нашите земји и општините ќе продолжат да се продлабочуваат во интерес на сите граѓани.”
-напиша на социјалните мрежи градоначалникот Гоцевски по овој повод.
