ноември 12, 2026

ЈЛБ “Илинден” Делчево со свој придонес ќе ја поддржи иницијативата за развој на Македонскиот јазик во Офенбург- Германија

789085281_1775228620940944_7896996952384965999_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Директорката на ЈЛБ “Илинден” Делчево Билјана Петровска оствари средба со Денес во ЈЛБ „Илинден“ – Делчево одржавме работен состанок со претседателот на Здружението на Македонците во Офенбург, “Македонска Зора-93 Офенбург”, Германија,Златко Митевски.

На состанокот е разговарано за можностите делчевската библиотека да се вклучи со своја поддршка во развојот на Македонскиот јазик помеѓу Македонците во овој германски град, како дополнување на воспоставувањето на паралелка за учење на македонски јазик како официјална институционална рамка во ерманија и во овој град.

Денес во ЈЛБ „Илинден“ – Делчево одржавме работен состанок со претседателот на Здружението на Македонците во Офенбург, “Македонска Зора-93 Офенбург”, Германија,Златко Митевски.

Средбата беше можност да разговараме за една прекрасна и значајна иницијатива – создавање простор во кој македонскиот јазик, културата, традицијата и љубовта кон книгата ќе бидат блиски до најмладите Македонци кои живеат надвор од татковината. 🇲🇰❤️

Со особена радост го поздравуваме фактот што Здружението доби дозвола за формирање паралелка во која децата ќе го изучуваат македонскиот јазик, како и за создавање македонско детско и информативно катче.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Како библиотека, со задоволство ќе се потрудиме да дадеме свој придонес во оваа убава мисија и, во рамките на нашите можности, да донираме книги и литература за децата.

Зашто книгата не познава граници.

Таа го чува јазикот, го буди споменот, ја негува припадноста и ги поврзува децата со нивните корени.

Нека во Офенбург растат нови генерации деца кои ќе читаат, ќе учат и со гордост ќе го зборуваат македонскиот јазик. 🇲🇰📚❤️

ЈЛБ „Илинден“ – Делчево

За книгата. За јазикот. За нашите деца. За Македонија

-напишаа на социјалните мрежи од ЈЛБ “Илинден” Делчево во врска со оваа активност

За авторот на оваа објава