Секојдневни контроли со дронови и теренски обиколки за превенција од пожари во Делчево
Интерсекторски групи на повеќе институции во Делчево се во постојана акција за превенција од пожари на територијата на општината.
Станува збор за комбинирани наменски екипи на припадници на МВР, Граничната полиција од Регионалниот центар Исток, Јавното шумско претпријатие “Голак” Делчево и ТППЕ Делчево кои што се секојдневно на терен во населените места како и на клучни стратешки точко од каде ште делуваат со контрола и мониторинг на теренот како и свентуалните движења на граѓани низ шуми и пасишта.
На територијата на општина Делчево како и во цела држава активна е забраната за движење во шуми за сите субјекти, така што овиое контроли се однесуваат и на таа мерка.
При посетата на населените места овие екипи спроведуваат и едукативни и превентивни кампањи за подигање на свесноста на граѓаните од опасноста на пожарите
“! И З В Е С Т У В А Њ Е !
Денес во претпладневните часови, 05 07 2026, како и до сега, па се до крајот на летото, ТППЕ со свои претставници, во соработка со Овр Делчево, Гранична Полиција и Шумско Претпријатие ” Голак”, ќе се вршат засилени и одбранбени контроли со дронови и со теренски возила на целата територија на Општина Делчево, се со цел навремено откривање и спречување на предизвикувањето на пожарите на отворен простор. ! А П Е Л ! Се замолуваат сите граѓани строго да ги почитуваат законските прописи и да не превземаат активности кои ги предизвикуваат пожарите. Сите лица кои ќе бидат затекнати при палење на трева, стрништа, отпади или други несовесни постапки кои предизвикуваат пожари, ќе бидат превземени соодветни законски мерки и ќе следуваат казни! Ви блсгодариме…Заедно за побезбедно и позелено Делчево.”
-стои во соопштението упатено во јавноста од страна на ТППЕ Делчево.

