ноември 5, 2026

Делчево- прва општина во која библиотеката воведува бесплатна достава на книги до своите корисници

740787848_1721225003007973_4371229761723451770_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Зголемениот број на читатели кои што ги користат услугите на ЈЛБ “Илинден” Делчево наметнува ново динамично и креативно темпо на работа на делчевската библиотека.

Откако подолго време наназад се укажа како потреба врз основа на постојаната комуникација на градоначалникот Гоцевски со градоначалникот, тој од денеска даде зелено светло за воведување на нова пракса од страна на ЈЛБ “Илинден” Делчево.

Како резултат на просторните услови на библиотеката, во периодот кој претстои делчевската библиотека ќе доставува литература која читателите ја изнајмуваат за читање, до нивните домови.

Станува збор за специфични таргет групи на граѓани кои што не се во состојба да доаѓаат физички да ги подигнуваат своите барани книги, а истите ќе им бидат доставувани од страна на лица вработени во библиотеката.

Во овие групи се опфатени повозрасни сограѓани, лица со хронични болести, лица со физичка попреченост.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Градоначалникот Иван Гоцевски во врска со оваа активност упати своја порака во јавноста:

“КНИГА ЗА СЕКОГО, СЕКОГАШ И СЕКАДЕ!

Од денес и официјално започнува новата услуга на нашата ЈЛБ „Илинден“ – Делчево, која е првата библиотека што воведува бесплатна достава на книги до домот на своите членови кои, поради возраст, здравствени или други оправдани причини, не се во можност лично да ја посетат библиотеката.

Со поддршка од Општина Делчево, книгата ќе стигне таму каде што е најпотребна, затоа што веруваме дека правото на читање и знаење треба да биде достапно за секого.

Делчевските љубители на пишаниот збор кои имаат потреба да им се достави книга, можат да си нарачаат книга на face­book страницата и на меилот на нашата библиотека, а многу наскоро и преку новиот туристички културно- информативен центар во Општина Делчево.”

-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски.

За авторот на оваа објава