Две ученички од СОУ “М.М.Брицо” Делчево учествуваа на Летен камп за проучување на историјата за средношколци во чест на проф. Наде Проева
Ученици во Средното општинско училиште “Методи Митевски Брицо” Делчево зедоа забележително учество на Летниот камп за проучување на историјата за средношколци кој што се одржа во туристичкото место Претор на Преспанското езеро во чест на проф. Наде Проева.
“Во периодот од 29.06. до 04.07.2026 година, за првпат во Република Македонија се одржа Летен камп за проучување на историјата за средношколци, организиран во чест на Наде Проева, во организација на Фондацијата Наде Проева.
Кампот се одржа во Претор, под мотото „Вљубете се во историјата “. На овој значаен историски настан учествуваа и двете наши ученички, Моника Поповска и Мелита Јовановска.
За нашето училиште претставува особена чест што токму на првиот ваков камп по историја учество зедоа наши ученички, кои со своето знаење, интерес и ангажман достоинствено го претставија училиштето.
Се надеваме дека овој летен камп ќе прерасне во убава традиција и дека и во иднина ќе имаме можност нашите ученици да бидат дел од оваа значајна образовна иницијатива.”
-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на СОУ “М.М.Брицо” Делчево
фото извор: СОУ ММ Брицо
