Градоначалникот Гоцевски обезбеди нова механизација за одржување на локалните патишта кон селата во Делчево

706017828_1583281033796719_1895983155694101917_n
Сподели

Денеска во Бирото за регионален развој (БРР) Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски го потпиша договорот за доделување на 2 милиони денари неповратни сретства обезбедени од Министерството за локална самоуправа и БРР.

Овие финансиски сретсва ќе бидат наменети за набавка на механизација за одржување на локалните патишта кон селата во општината, како и за уредување на јавни површини, полјоделски патишта и водотеци.

Реализацијата на овој проект кој што се наоѓа во програмата на Градоначалникот Гоцевски е од особена потреба за жителите на руралните населени места чии што патишта, јавни површини и водотеци не се одржувани подолго време, а со набавката на новата механизација оваа активност ќе се реализира во континуитет.

“Денес потпишав договор за реализација на проектот „Набавка на механизација за одржување на локалните патишта во села со специфични развојни потреби во Делчево“, со кој преку Министерството за локална самоуправа – Бирото за регионален развој, за Општина Делчево се обезбедени 2 милиони денари.

Оваа поддршка претставува значајна инвестиција за нашите рурални средини и уште една потврда дека со конкретни проекти продолжуваме да создаваме подобри услови за живот за граѓаните во секое населено место. Новата механизација ќе овозможи поефикасно и навремено одржување на локалните патишта, особено во селата со специфични развојни потреби, каде што инфраструктурата е од исклучително значење за секојдневното функционирање на жителите.

Како локална самоуправа, остануваме целосно посветени на развојот на сите населени места во општината. Подобрата патна инфраструктура значи поголема безбедност, подобра поврзаност и поквалитетен живот за нашите сограѓани.

Упатувам искрена благодарност до Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој за поддршката и за препознавањето на потребите на Општина Делчево. Продолжуваме со посветена работа, со јасна цел – рамномерен развој, модерна инфраструктура и подобра иднина за сите граѓани.”

-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски.

За авторот на оваа објава