Општина Делчево упати благодарност до овие поединци и институции за поддршката на грандиозниот настан по повод 150 годишнината од Разловечкото востание

150_godini_Razlovecko_vostanie_068
Сподели

Општина Делчево и селото Разловци беа домаќини на дoсега невиден настан од таков тип рганизиран во општината.

Одбележувањето на 150 годишнината од Разловечкото востание по многу нешта ќе остане запаметено какко историски настан со повеќекратно значење како за граѓаните, локалните институции така и државата.

Ошштина Дelчево и Градоначалникот Иван Гоцевски упатија уште еднаш јавна благодарност до сите оние поединци и институции кои дадоа свој допринос за реализацијата на овој историски настан и голем јубилеј.

“Централните настани за одбележување на 150- годишнината од Разловечкото востание се впишаа во историјата, не само на нашата општина, туку и пошироко во државата давајќи му на одбележувањето национален белег.

Општина Делчево и градоначалникот Иван Гоцевски упатуваат благодарност на сите поединци, организации и институции коишто се вклучија и со свој ангажман ја поддржаа манифестацијата за одбележување на 150 – годишнината од Разловечкото востание:

Влада на Република Македонија

Христијан Мицкоски- Претседател на Владата на Република Македонија,

Кабинет на Претседателот на Република Македонија

Луке Галески- Секретар во Владата задолжен за односи со јавност и стратешка комуникација,

Министерство за култура и туризам и министерот Зоран Љутков,

Министерство за одбрана и министерот Владо Мисајловски,

Сашко Лафчиски- Началник на Генералштаб на АРМ,

Драган Ковачки- Пратеник во Македонскиот парламент

Национален конзерваторски центар,

Националната установа за народни игри и песни ансамбл „Танец”,

Управа за заштита на културно наследство

Г‑дин Марко- епископ на Делчевско-каменичката епархија

Роберт Велјановски, директор на Драмски театар

АД Пошти на Македонија,

Музеј на Македонија

МВР ОВР Делчево

Регионален центар за гранични работи – Исток

ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта на Македонија

Семејството на архитект Ѓеорги Константиновски

Медиуми

Учесници во научната трибина и учесници во планинарскиот марш „По врвиците на разловечките востаници“

Сите институции, здруженија на граѓани, претставници од бизнис-секторот и поединци, како и жителите на с. Разловци.

Посебна благодарност до вработените во Општина Делчево и сите локални институции за нивниот ангажман и придонес во организацијата на настанот и сите добронамерници кои помогнаа во организацијата, а ненамерно се изоставени.

Изразуваме уште еднаш благодарност за поддршката и соработката во организацијата на големиот јубилеј 150 години Разловечко востание. Заедно работевме да го издигнеме споменот на Востанието на пиедестал што го заслужува и по своето значење и по аманетот што го остава на идните генерации.

Се надеваме дека бевме добри домаќини!!!

-стои во соопштението упатено од општина Делчево до јавноста

За авторот на оваа објава