Со емотивна литературнo-музичка разгледница НУЦК “НЈ Вапцаров” Делчево го одбележа денот на Македонскиот јазик

687039119_1565142792278233_264005647683765917_n
Сподели

Во организација на Националната установа Центар за култура “Никола Јонков Вапцаров” Делчево во мултимедијалниот центар на Спомен домот АСНОM во Делчево се реализираше настан за одбележување на 5 Мај денот на Македонскиот јазик.

“По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, во НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево се одржа настанот насловен „Гласот на буквите“, исполнет со емоции, поезија и љубов кон пишаниот збор.

На сцената блеснаа учениците од СОУ „Методи Митевски – Брицо“ и ООУ „Св. Климент Охридски“, кои преку своите интерпретации ја оживеаја убавината и богатството на македонскиот јазик. Со силна изразност и искреност, тие ја пренесоа пораката дека јазикот е наш идентитет, наша традиција и наша гордост.

Настанот беше вистински доказ дека љубовта кон македонскиот јазик живее и се негува кај младите генерации.

🇲🇰 Да го чуваме, негуваме и славиме македонскиот јазик — денес и секој ден!”

-информираа од НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево

За авторот на оваа објава

Најнови објави