Селото Разловци одиграло значајна улога и во Втората светска војна и ослободителните борби на главнината на ПОМ

Picture1 1152_2
Сподели

Селото Разловци е особено важен географски и етнографски топоним од преродбенскиот и предилинденскиот период од Македонската историја.

Но несомнено идеалот кој го распламтија Разловчани остана како горд светилник за сите генерации потоа.

Во овој текст ќе обрнам внимание на еден помалку познат историски факт/настан кој како историска епизода се одиграл во село Разловци и е од локално значење за Делчево (некогашното Царево Село) и селото Разловци.

На влезот од село Разловци од страната на село Тработивиште над регионалниот пат R2346 под зимзелените борчиња од Разловечката корија се наоѓа Споменикот на Јован В. Стојанов.

Жртвата на овој партизански воин говори за комплексноста на Македонската борба за слобода која што има рефлексии до ден денешен.

“На ова место пушкомитралезецот Јован В. Стојанов од Третата Македонска Бригада загина на 24 Мај 1944 година при влегувањето на бригадата во Разловци од куршумот на селскиот кмет“
Општински одбор на Сојузот на борците од Народно ослободителната војна од Делчево.”

-пишува на овој паметник кој опсојува помалку заборавен до ден денешен.

Јован В. Стојанов бил партизан кој потекнува од Кратово.

По завршувањето на Втората Светска војна неговата сопруга доаѓа во село Разловци, го посетува неговиот гроб и посмртните останки ги пренесува во Кратово. За време на претстојот во Разловци се распрашувала за синот на селскиот кмет кој го убил нејзиниот маж со цел да се одмазди. Разловчани не и’ откриле кој е тој…

Во текот на револуционерната борба на Партизанските одреди на Мaкедонија кои без ничија воена помош со сопствени сили ја извојуваа слободата на денешна Македоннија имале значајно присуство во регионот на Пијенец низ кој поминувале значајни рути за движење на партизаните. Во текот на Втората Светска војна на овој простор се одиграле значајни битки во Втората Светска војна за кои многу малку се знае во современата Македонска нарација и медиумски простор. Една од тие битки се одиграла во 1943 година во атарот на село Разловци на планината Обозна, за која ќе посветиме посебен текст во иднина.

Ваквата непознаница за локалната историја на Делчево од страна на поновите генерации значително треба да се промени во периодот кој следи.

Не случајно Генерал Михало Апостолски често го посетувал Делчево по ослободувањето и во неговите подоцнежни години.

Идеолошките поделби помеѓу Македонското население низ минатотo секогаш биле главна рак рана на народот што допринело Македонија најкасно да се осамостои како држава. Секој што пропагира поделби по било каков основ кога станува збор за Македонските национални интереси работи против Македонија, нејзината слобода и просперитет.

@Razlovci, @Delčevo, @Macedonia

За авторот на оваа објава

Најнови објави