Најава за планинарскиот марш “Голак 2026” во организација на ПСК “Голак” Делчево и ПСД “Трансферзалец” Скопје како дел од акцијата “12 врвови”

669352776_4487644224838871_2422265431842271032_n
Сподели

Планинарскиот спортски клуб “Голак” од Делчево во соработка со Планинарското спортско друштво “Трансверзалец” од Скопје на 10 мај 2026 година ќе го реализираат традиционалниот планинарски марш “Голак 2026”.

Овој планинарски марш во вкупна должина од 17, 5 км се реализира како дел од активностите на планинарскиот предизвик “12 врвови”

Планинарски предизвик „12 Врвови“  е активност на планинарското друштво “Трансверзалец” којашто се состои од еднодневни планинарски походи со цел искачување на 12 врвови на територијата на Македонија во текот на една календарска година. Учесници на маршот може да бидат Предизвикот започнал со реализација за првпат во октомври 2016 година на иницијатива на Марио Шаревски.

Планинарскиот предизвик наречен „12 врвови“ опфаќа искачување на 12 планински врвови, одбрани според своето специфично значење, на различни планини по целата територија на Македонија, во организирани еднодневни планинарски акции-походи еднаш во месецот во текот на целата година. Тематиката за искачување на 12 врвови во текот на една година може да биде одредена според: најголемата надморска височина на врвовите на одделните планински венци, ретката посетеност и познатост, природните географски одлики како поставеноста на леднички езера во нивните подножја, природните биолошки одлики како застапеноста на ретки и ендемични растенија и биолошки видови на нивните падини или пак според значењето кое врвовите го имаат во историјата, археологијата, културно-историското минато, народното творештво, приказни и преданија.

На планинарскиот предизвик „12 врвови“ може да се пријави секој полнолетен граѓанин и планинар, кој поседува добра физичка и психичка подготвеност за целодневни планинарски походи со просечна средна тежина.

Организацијата на планинарскиот марш “Голак 2026” е доверена на ПСК “Голак” Делчево кои што како домаќини ќе се погрижат за сите детали околу маршот.

Организаторите преку социјалните мрежи упатија своја покана со програма која што оваа година се реализира во чест на 150 годишнината од кревањето на Разловечкото востание, чиј што текст интегрално во продолжение го пренесувамеЧ

“На 10 мај 2026 (недела) во 08 часот,по повод 150 ГОДИНИ ОД РАЗЛОВЕЧКОТО ВОСТАНИЕ (кренато 19 мај 1876 година во село РАЗЛОВЦИ (општина ДЕЛЧЕВО — област ПИЈАНЕЦ (ДЕЛЧЕВСКА)), ПСК ГОЛАК Делчево како домаќини на 12-от традиционален планинарски марш ГОЛАК 2026 и ПСД ТРАНСВЕРЗАЛЕЦ Скопје со проектот 12 ВРВОВИ, организираме полукружен планинарски марш (акција) со следната маршрута :

Спортски терени во туристичкиот центар Голак 1400 м.н.в. — Врв Мала Чавка (Св.Пантелејмон) 1508 м.н.в. на планината ГОЛАК — Врв Јастреб 1276 м.н.в. (највисок на планината ОБОЗНА) — Локалитет КАЛАЏЕРЏЕВО (каде е организирано востанието од ПОП СТОЈАН РАЗЛОВШКИ) 1129 м.н.в. — Спасевски колиби 1160 м.н.в. (колибата на ЦОНЕ СПАСОВ-ИНГИЛИЗО, курирот на ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ и еден од оргзнизаторите, во која близина се наоѓа и колибата на ПОП СТОЈАН РАЗЛОВШКИ) — Самовилско езерце (манастирче Св.Петка) 1155 м.н.в. — Локалитет Скалици 1204 м.н.в. — Пармачки колиби 1048 м.н.в. — Чучучки колиби 966 м.н.в. — По течението на река Ракитина на планината ОБОЗНА — Село РАЗЛОВЦИ 690 м.н.в.

Вкупната должина на патеката е 17.5 км која поминува во живописна борова, дабова, габерова шума, по која се движеле востаниците на РАЗЛОВЕЧКОТО ВОСТАНИЕ, организирано од ПОП СТОЈАН од село РАЗЛОВЦИ.

Собирањето на учесниците е до 08 часот,кај спортските терени во туристичкиот центар Голак 1400 м.н.в каде секој треба да дојде со свој превоз.Од тука организирано ќе тргнеме по патеката,каде попатно ќе имаме неколку паузи кои ќе бидат кажани од страна на водичите.Попатно има убави погледи кон планините ПИРИН, РИЛА во Р. Бугарија, кон ОСОГОВСКИТЕ ПЛ. ВЛАИНА, ПЛАЧКОВИЦА, СРЕДНА, ОБОЗНА, ОГРАЖДЕН, МАЛЕШЕВСКИ.……

Во село РАЗЛОВЦИ, во тремот во дворот на преубавата и уникатна црква СВ.ЦАР КОНСТАНТИН И ЦАРИЦА ЕЛЕНА, ќе имаме бесплатен заеднички ручек обезбеден од наши спонзори-членови на клубот, кои по потекло се од село Разловци. Потоа ќе имаме заедничко дружење како и доделување на благодарници за учество на маршот (акцијата).

Водичи и заменици ќе бидат кажани на самиот ден на маршот (акцијата).

Пријавување кај дипл.шум.инж.ЉУПЧО ЧУЧУКОВСКИ — лиценциран планинарски водич на тел 070 605 137, или ЗОКИ КОСТАДИНОВСКИ 070 641 998 најдоцна до 07 мај 2026.

ПОВЕЛЕТЕ И БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ОВОЈ ГОЛЕМ И ЗНАЧАЕН ИСТОРИСКИ НАСТАН ЗА НАШАТА ДРЖАВА !!!”

-стои во објавата на настанот достапна тука на социјалните мрежи.

За авторот на оваа објава

Најнови објави