Пролетта пристигна во урбаната градина создадена со детските раце на учениците од ООУ “Ванчо Прќе” Делчево

672030415_1525841769543288_5105897628983059937_n
Сподели

Откако во изминатиот период беше подготвена од страна на волонтери на Регионалниот Центар за застапување од Делчево, персоналот, учениците и нивните наставници при Општинското Општинско училиште “Ванчо Прќе” Делчево денеска беше засадена урбаната градина со нови градинарски растенија.

Ученици со нивните вредни раце го положија младиот расстителен расад во изработените леи, облагородени со хумус и плодна почва

Пролетта пристигна во нашата урбана градина!

За првпат, учениците од ООУ „Ванчо Прке“-Делчево со нивните наставници, ги посадија првите рани зеленчуци во градината. Малите вредни раце засадија морковчиња, магдонос, тиквички, ротквици и семки од тикви како вистински почеток на една зелена приказна! 🥕🌼

По садењето, ги покрија со тенок слој слама за да ја задржат влагата и да им помогнaт да растат здраво и силно. 🌾💧

Од понеделник ќе се засадат автохтони семиња зеленчук и на ќе се постават имиња за да можеме внимателно да се следи нивниот раст. 🗯️

Ова е само почеток на едно прекрасно зелено патување! 💚

-напишаа од РЦЗ Делчево на нивната фејсбук страница во врска со оваа нивна активност.

About The Author