Жителите на населбата “Стрелиште” во Делчево добиваат нова улица, заврши изградбата на фекална канализација по што ќе следува асфалт
Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски денеска преку социјалните мрежи ги информираше граѓаните за завршувањето на изградбата на фекалната канализација по целата должина на улицата “Чифличка” во населбата “Стрелиште”. Со динализирањето на изградбата на подземната комунална инфраструктура создадени се предуслови за низградба на горниот строј на улицата и нејзино целосно асфалтирање што како фаза ќе следува во наредниот период.
Со тоа жителите на овој дел од населбата добиваат пристојни услови за живот што како проблем во минатото го обременуваше нивното секојдневие.
“Завршена е изградбата на фекалната канализација на улица „Чифличка“ во населба „Стрелиште“, со што реализиравме уште една важна фаза од целосното инфраструктурно уредување на оваа улица.
Работата продолжува! Во следниот период ќе продолжиме со градежните активности и уредувањето на улицата, сè до нејзиното конечно асфалтирање.
Нашата цел е инфраструктурните проблеми да ги решаваме темелно и трајно, а жителите да добијат услови какви што заслужуваат.”|
-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот на општина Длечево Иван Гоцевски во врска со реализацијата на ово инфраструктурен проект.
