ноември 4, 2026

Уште еднаш учениците од СОУ “М.М.Брицо” покажаа зошто делчевската гимназија е најдобра за нив

701369445_1525997072869941_2328110802554556385_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Ученици од делчевската гимназија СОУ “Методи Митевски Брицо” под менторство на својата професорка Билјана Ивановска зедоа учество на државниот натпревар по класични јазици од каде пто се закитија со престижни награди.

“Veni, vidi, vici! 

Со знаење, труд и љубов кон класичните јазици, нашите ученици блеснаа на 53. Републички натпревар по класични јазици, кој се одржа на Филозофски факултет во Скопје.
Под менторство на проф. Билјана Ивановска, учениците остварија извонредни резултати по латински јазик:

 Втора награда:

Леонтина Вирчанска
Анастасија Петровска

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

 Трета награда:

Милена Ангелова
Нела Јовановска
Јована Димитровска
Ања Димитровска

Пофалница
Марија Јанковска
Матеј Вучевски

Горди сме на нивниот успех, посветеност и достојното претставување на нашето училиште!
Им честитаме од срце и им посакуваме уште многу успеси.”

-информираа од делчевската гимназија за ваквиот успех.

За авторот на оваа објава