НКЦ Скопје упати покана за свечено пуштање во употреба на реконструираниот Спомен дом на Разловечкото востание во с. Разловци
Националниот конзерваторски центар од Скопје кој што беше задолжен за реконструкцијата на објектот на Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци упатија покана до сите граѓани за присуство на Свеченото пуштање во употреба на овој значаен архитектонски и историски објект кој што е прогласен за Споменик на културата.
Почитувани,
Со особена чест и длабока почит ве покануваме на свеченото отворање на обновениот Спомен-дом на Разловечкото востание, место кое сведочи за непокорот, жртвата и историската меморија на македонскиот народ.
Во годината кога се одбележуваат 150 години од Разловечкото востание (1876 – 2026), еден од најзначајните симболи на македонската револуционерна мисла и стремежот кон слобода,
обновениот Спомен-дом повторно ги отвора своите врати како простор на сеќавање, достоинство и национално наследство.
📍 с. Разловци
📅 19 мај 2026 година (вторник)
🕚 11:00 часот
Проектот е реализиран од Националниот конзерваторски центар – Скопје, како дел од Годишната програма за остварување национален интерес во културата за 2026 година, со финансиска поддршка на Министерството за култура и туризам, како и е дел од владините приоритети во делот на стратегиските цели во културното наследство.
Вашето присуство ќе претставува особена чест во одбележувањето на овој значаен јубилеј и во заедничкото чествување на едно од најсветлите поглавја од нашата револуционерна историја.
Со почит,
доц. м‑р Александар Јорданоски,
директор на Националниот конзерваторски центар
