
Вчера попладне во четврток, 25.12 2025 година со почеток во 19.00 часот граѓаните на Делчево имаа можност да бидат дел од еден редок настан кој што и тоа како е потребно да се мултиплицира во периодот кој претстои.
Театарската претстава “Сите најубави нешта” со ден од најпознатите и најценети Македонски актери на денешницата Игор Ангелов за сите кои ја проследија оваа интерактивна монодрама покажа зошто театарската магија и суштина е потребна на еден град, на една локална заедница на граѓаните од сите генераци.
Тоа што текстот на Данкан МеМилан третира едно особено тешка и деликатна тема придодава силна основа на целата претстава, но, маестралноста и актерската креација на нашиот Игор Ангелов дава една посебна димензија и трансмисија на начин соодветно прилагоден на локален наратив. Со динамичка интермисија на различни техники за комуникација со публиката, дури и со комични елементи Игор пред делчевската публика создаде суптилна и чиста енергија на мисловна автентикација на едно тешко општествено прашање кое изнесено пред судот на суштинското постоење на животот, останува осудено и практично бесмислено и непотребно. Радоста на животот, љубовта, заедништвото, сите оние мали нешта што го чинат сечиј живот и постоење посебни и вредни, на најубав начин доаѓаат до израз на доминација кога се спротивставени пред беспомошноста на смртта.
“Сите најубави нешта” на вистински начин го адресира растот на едно човечко битие во свет исполнет со апстракции и нелогичности, борбата на еден лик со сето она кое го обременува неговиот самобит и општествениот микро- контекст на семејството кој го формира тој лик во неговиот животен пат. Семејството како основна општествена клетка има огромна улога во наративот на оваа монодрама, но она што е главен столб на дејствието е како еден уникатен карактер успева да успешно да скока од спомен на спомен, од етапа во етапа од својот животен пат и на кој начин тоа стекнато искуство го дефинира неговиот животен пат, од најмали- навидум безначајни моменти, до оние лични избори, емоции, постапки што се дефинираат како камен темелници на неговиот возрасен, емотивен и интелектуален раст.
Емоцијата кај публиката беше неминовна кај сите оние граѓани кои беа присутни, но, со различна перцепција на секој поединец присутен во салата затоа што сценариото на монодрамата успеа на на екстремно динамичен начин да изнесе различни општествени појави на влијание кои на различен начин влијаат на сечиј посебен карактер согласно неговото животно искуство во минатото.
Како човек кој во одреден подолг период од својот живот бев длабоко навлезен во суштината на театарската магија, а потоа поради редица причини се одалечив од оваа уметничка експозитивност, “Сите најубави нешта” ми удри силен шамар за опаметување зашто треба секој момент во животот да биде користен за оние нешта што го чинат духот благороден и културно водигнат во вистинска смисла на зборот.
Оттука оваа театарска претстава на брутален начин покажа зошто театарот е насушна потреба на индивидуата но и заедницата во целост.
Иако салата во Спомен домот АСНОМ во Делчево вчера попладне не беше во целост исполнета, како што доликува на една ваква театарска претстава, сепак ефектот кој оваа театарска претстава го остави кај присутните граѓани е огромен и претставува своевидно силно охрабрување за развој на театарската дејност во Делчево со зголемен интензитет во периодот кој претстои.
Театарската публика на една локална заедница не се раѓа преку ноќ, туку таа се создава низ еден долготраен и макотрпен процес на континуитет и се разбира квалитет, со финансиски сретства чие што трошење се правда со аргументи на она суштинското што го прави едно општеството цивилизирано.
Така што во интерес на суштинскиот и реален напредок на делчевската локална заедница во вистинска суштинска смисла на зборот, потребен е силен и јасен фокус со работа и инвестиции во театарската сфера, преку што институциите ќе овозможат силен општествен канал за афирмација на вистински цивилизациски вредности на ова наше локално поднебје.
