Проекција и дискусија за филмот “Остров” во во делчевското кино во организација на Делчевско-Каменичка Епархија

610797118_122164422848774300_2022393999940327855_n
Сподели

Од службата за односи со јавност на Делчевско-Каменичка Епархија на МПЦ-ОА со благослов на Владиката Марко на 9‑ти јануари 2026 год. во градсккото кино во Делчево ќе се реализира проекцијата на филмот „Остров”.

Проекцијата на овој филм ќе биде со почеток во 17.30 часот а по завшувањето на филмот ќе следува дискусија помеѓу присутните која што ќе ја води Епископот Делчево-Каменички Марко.

Настанот се реализира во соработка со НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево

За авторот на оваа објава