После само неколку години настапи потреба за реконструкција на новата ограда на новоизградениот пешачки мост во Делчево
Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски преку социјалните мрежи пред 2 дена објави информација дека се реконструира оградата на пешачкиотм мост Гоце Делчево на реката Брегалница во центарот на Делчево.
Постојната ограда која што беше изградена заедно со самиот мост во 2020 година во изминатите месеци беше цел на вандалски напади при што повеже елементи од оградата на мостот беа уништени а мостот привремено беше вон употреба поради безбедносни причини.
Сега со реконцтрукцијата на оштетените делови од оградата мостот же може повторно да се користи од страна на граѓаните.
“Денес започна целосна замена на оградата на мостот „Гоце Делчев“, која во изминатиот период беше цел на вандализам и беше оштетена од несовесни поединци.
Со оваа интервенција целосно се обновува оградата, со цел да се обезбеди поголема безбедност за сите граѓани кои секојдневно го користат мостот.
Апелираме до граѓаните, додека траат работите, да се движат со зголемено внимание во овој дел од градот и да ги почитуваат поставените предупредувања.
Воедно, апелираме сите заеднички и одговорно да го чуваме јавното добро, бидејќи тоа им припаѓа и им служи на сите граѓани.”
-напиша на социјалните мрежи пред 2 дена градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски
