ноември 4, 2026

Непрекинато се реализираат градежните работи на улица Драмечка во Делчево

605078263_1451108687013955_8448555760747361937_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Оперативен тим на фирмата изведувач е на терен и ги реализира градежните работи за изградба на дел од подземната инсталација и коловозот на улицата “Драмечка” во Делчево.

Градоначалникот Иван Гоцевски во придружба со надлежните служби од општина Делчево беа на лице место за да ја увидат динамиката за реализација на предвидените активности, кои што се очекува да завршат во предвидениот рок според целокупната документација.

“Извршив увид на лице место на дел од улица „Драмечка“, крак од улицата „Драмечка“, каде што се реализира проектот за изградба на дел од улицата и дел од атмосферската канализација, со цел директно да се информирам за текот и квалитетот на досегашните активности.

Проектот опфаќа изградба на улица со вкупна должина од 155 метри, со што ќе се подобрат условите за сообраќај, безбедно движење и ефикасно одведување на атмосферските води во овој дел од градот.

Финансиските средства за реализација на проектот се обезбедени во висина од 2.862.015,00 денари од Министерството за транспорт на Република Македонија.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Изведувач на работите е компанијата ОСД КИРИЛ од Штип, а реализацијата на проектот е планирана да се одвива и во текот на 2026 година.

Продолжуваме со директен надзор и теренска работа, со цел секој проект да биде реализиран квалитетно, навремено и во интерес на граѓаните на Делчево.”

-напиша на социјалните мрежи Иван Гоцевски- Градоначалник на Делчево.

За авторот на оваа објава