ноември 4, 2026

“Младите за Македонија” со етно-културна манифестација против двојазичноста и промена на името

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Студентите од Унивезитететот „Гoце Делчев“ — Штип ќе оддржат студентска етно-културена манифестација против претворањето на Македонија во двојазична држава и промената на името Македонија.

Студентската етно-културена манифестација ќе се оддржи на 30-ти март во 18:00 часот на плоштадот „Слобода“ во Штип.

Организаторите на настанот соопштуваат дека овој настан е целосно непартиски и студентите се оградуваат од политичките партии и сите останати здруженија.

Оваа манифестација е организирана од студенти од сите универзитети од Република Македонија. Исто така, овој настан ќе биде и мултикултурен, а на присутните ќе им се обратат и припадници на помалите етнички заедници, кои ќе го искажат своето незадоволство од двојазичноста.

load­ing…

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

На настанот ќе биде упатена јасна порака дека младите не прифаќаат промена на името Македонија и дека младите се тие кои треба да одлучуваат за иднината на оваа земја, а не политичарите.

Од страна на организаторите на фејсбук беше упатена и покана за Зоран Заев, Христијан Мицкоски и Али Ахмети да дојдат на дебата во Штип и јавно да одговараат на прашањата од студентите.

Студентите порачуваат дека државата останува во рацете на младите, а не на политичарите и затоа бараат политичарите да не ја уништуваат нивната иднина преку промената на името и воведување двојазична држава.

Официјалниот настан на фејсбук за овој своевиден проетст е достапен на сл. линк каде јавноста може да се информира со деталите за истиот.

За авторот на оваа објава