ноември 4, 2026

Маријана Петир: Дали граѓаните на Македонија можат да имаат доверба во актуелните политики на ЕУ?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Во своето обраќање на пленарна сесија на Европскиот парламент, пред два дена хрватската европратеничка Маријана Петир се осврна на проблемот на десетгодишното исчекување на Македонскиот нарот за влез во ЕУ и покрај исполнувањето на реформите и добиените препораки од страна на европската комисија.

-“Граѓаните на Македонија многу добро знаат што на нив им порачува ЕУ во изминатите десет години, а таа порака не е ниту добра ниту позитивна” рече Петир и притоа додаде:

-“Вистинското прашање е како да се поврати довербата на граѓаните на Македонија во ЕУ затоа што е очигледно дека ЕУ во случајот со Македонија корисеше двојни стандарди, дека едно билатерално прашање го постави на прво место и на тој начин го запре епропскиот пат на Македонија а со тоа и добробитот за нејзините граѓани”.

Петир истакна  дека како резултат на нејзините средби со граѓаните од Македонија, ги предупредила членовите на европската комисија како и присутните застапници во Европскиот парламент, за реалните проблеми кои ги гледаат граѓаните на Македонија.

Погледнете го целото обраќање на европратеничката Маријана Петир во продолжение:

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

За авторот на оваа објава