
Денеска забавата и магијата донесена од светските улични забавувачи и артисти кои ги полнат плоштадите во цел свет ќе блеснат пред делчевската публика во градскиот парк во Делчево. Очекуваме луда и незаборавна журка за сите генерации за која долго ќе се раскажува. Понесете со себе сила и енергија која овде заедно со сите граѓани на Делчево ќе ја потрошиме на најубавата предновогодишна атмосфера која е дел од нашата “Зимска приказна во Делчево”.
А кога зборуваме за луда журка секако за урбаниот ритам на градот и бескрајното “џускање” ќе биде задолжен нашиот DJ BRYAN.

