ноември 4, 2026

Компанијата М‑Д Ренталс- Скопје донираше машина за одржување на комунална хигиена за општина Делчево

719204071_1602201258571363_979483619161911857_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Општествено одговорната компанија М‑Д Ренталс- Скопје за потребите на Општина Длечево обезбеди донација на нова машина за одржување на комунална хигиена на делчевските улици.

Станува збор за машина- популарно наречена вакум метларка, која што значително ќе го подобри работењето и ефиасноста на ЈКП “Брегалница” Делчево д една страна а од друга страна граѓаните на Делчево ќе добијат зголемено ниво на чистота на улиците и јавните површини.

Градоначалникот на Општина Делчево Иван Гоцевски ја пласираше оваа несекојдневна информација за делчевската јавност но истовремено упати и благодарност до менаџментот на компанијата која ја изврши донацијата.

“Со задоволство ја информирам јавноста дека од денес новата машина – вакумска метларка за чистење на улиците, е официјално предадена на Општина Делчево од фирмата донатор М‑Д РЕНТАЛС од Скопје, а, очекувам, веќе од наредните денови, таа да биде ставена во функција на јавната чистота на Делчево. Воедно, од фирмата- донатор е обезбедена и обука за едно лице, вработено во ЈКП „Брегалница“ за управување со возилото.

Станува збор за нова машина, произведена во 2024 г марка BAIYI, ИСО и СЕ- сертифицирана. Машината е со проценета вредност од 399.992,оо денари со вклучен ДДВ.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Денешната донација е позитивен пример како општествената одговорност и партнерството меѓу локалната самоуправа и бизнис-заедницата можат да донесат конкретни придобивки за граѓаните.

Изразувам искрена благодарност за оваа донација до компанијата М‑Д РЕНТАЛС, компанија која ги препозна нашите напори и нашата заложба за почисто и поубаво Делчево и докажува дека општествената одговорност е вредност што создава трајни резултати, а посебно кога јавната чистота е во прашање.

Со ставањето во функција на машината, значително ќе се подобри јавната чистота, ќе се овозможи побрзо и поефикасно чистење на улиците, тротоарите и јавните површини, а , истовремено, примената на новата технологија значи и подобри услови за работа на вработените.

Заедно градиме поубаво и поквалитетно место за живеење.”

-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски во врска со оваа донација.

За авторот на оваа објава