ноември 5, 2026

Гостите на ГФС 2026 од Србија во посета на Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци

768787294_1654786143313897_221690426352379270_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Денеска учесниците и делегацијата на гости кои шт присуствуваат во Делчево по повод 31 Голачки фолклорни средби го посетија селото разловци и Спомен домот на Разловечкото востание.

Домаќините НУКЦ ” Никола Јонков Вапцаров” од Делчево за гостите приредија историска тура во спомен домот со што ги запознаа гостите за улогата и настаните поврзани со Разловечкото востание кое што е значаен настан во Македонкската историја.

Потоа гостите од соседна Србија имаа можност да ја посетат црквата Св. Цар Константин и Царица Елена каде што имаа можност да се запознаат со вредностите кои што овој историски, и верски објект ги крие во себе.

“Во рамките на 31 издание на Голачките фолклорни средби 2026, НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево организираше посета на Спомен домот „Разловечко востание“ и Црквата „Св. Цар Константин и Царица Елена“ во село Разловци.

Гостите од Република Србија имаа можност да се запознаат со богатото историско, културно и духовно наследство на нашиот крај, како и со значењето на Разловечкото востание.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Со ваквите посети, покрај фолклорот и традицијата, се создаваат можности за запознавање и размена на културните богатства и историските вредности меѓу нашите народи.”

-напишаа на социјалните мрежи од НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” во врска со оваа посета на историско Разловци.

За авторот на оваа објава