Гоцевски: 16 години Делчево и Рача од соседна Србија пишуваат успешна приказна и пријателство

677343620_1556092289848927_3641625549668031452_n
Сподели

Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски придружуван од Директорот на ООУ “Ванчо Прќе” Делчево Сашко Ивановски, и Директорот на ООУ “Св. Климент Охридски” Делчево Димитар Видимлиски се во повеќедневна работна посета на општина Раша од соседна Србија.

Во рамки на посетата високата делегација од Делчево беше примена од градоначалникот на општина Рача Бранко Радосављевиќ со кого разговараа за целите на посетата и интензивирањето на соработката на повеќе полиња меѓу двете општини.

“Ја зацрвстуваме и ја прошируваме соработката со партнерската општина Рача, Србија и отвораме нови перспективи на кои ќе го градиме нашето пријателство.

Ми претставува чест што деновиве со претставници од образовните институции од Делчево, престојуваме во оваа пријателска општина во соседна Србија, каде остваривме конструктивна средба со градоначалникот на Општина Рача, Бранко Радосављевиќ и претставници од образовните институции од оваа општина и заедно ги дефиниравме идните чекори и продолжувањето на успешната приказна на партнерството меѓу Рача и Делчево.

Посетата на Општина Рача отвора ново поглавје во соработката во областа на образованието, како една од клучните инвестиции во иднината на нашите општини.

Преку оваа средба ја потврдуваме определбата за поврзување на училиштата, размената на наставни практики и искуства. Посебен акцент ставаме на дигитализацијата во образованието, воведувањето современи методи на учење и градење партнерства меѓу училиштата. Нашата цел е да создадеме средина во која младите ќе имаат можности за нови хоризонти и перпсективи за личен професионален развој.

Оваа соработка е инвестиција во знаењето и во иднината на двете општини. Но, најважно од се е да ја вратиме традицијата на наизменични посети на нашите две општини од учениците и од двете општини.

Веруваме дека само преку заеднички проекти и иницијативи можеме да создадеме нови можности за нашите општини и да изградиме трајни врски засновани на доверба и заемна поддршка.

Делчево и Рача 16 години ја испишуваат успешната партнерска приказна и градат пријателство кое е поврзано со економскиот развој, културата и ловниот туризам.”

-напиша на социјалните мрежи Иван Гоцевски- во врска со оваа посета.

За авторот на оваа објава

Најнови објави