Сподели


Магијата започна со најмалите…

Во Сабота, 13.12.2025 година во присуство на најмладите дечиња од Делчево свечено беше пуштена новогодишната елка и јавното улично декоративно осветлување во градот Делчево кое што за граѓаните го приреди општина Делчево.

Во рамки на настанот беа отворени и куќичките од новогодинешниот базар на мали локални производители а пред дечињата се претставија улични забавувачи и омилени маскоти кои што внесоа радост и смеа во срцата на сите присутни без разлика на генерациите.

Цело попладне на малата сцена пред Спомен домот АСНОМ се пушташе новогодишни детски песнички додека присутните се фотографираа со своите омилени новогодишни херои.
#НастаниЗаГраѓаните #Делчево #ЗимскаПриказна

Новогодишната програма продолжува и денеска како и сите наредни денови до новата година, со нови и нови изненадувања за сите посетители и граѓаните на градот Делчево.