ноември 4, 2026

Делчево со силна визија и труд може да овозможи нов развој на туризмот: Природата, културата и традицијата како двигатели на локалниот развој

baner_oshtina_delchevo2
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Општина Делчево располага со исклучителен туристички потенцијал кој во наредниот период треба системски и стратешки да се развива преку конкретни активности, инфраструктурни инвестиции и современи промотивни пристапи. Со својата недопрена природа, планинските предели на Голак, богатото културно-историско наследство, автентичната гастрономија и традиционалните вредности, Делчево има можност да стане препознатлива туристичка дестинација во источниот регион на Македонија.

Во насока на развој на туризмот, потребно е да се реализираат повеќе мерки и активности кои ќе придонесат за зголемување на бројот на посетители, продолжување на туристичката сезона и создавање нови економски можности за локалното население.

Меѓу приоритетните активности кои може да овозможат дополнителен развој на туризмот во Делчево се:

  • Уредување и модернизација на туристичката инфраструктура на планината Голак. Воведување на нови содржини, изградба и означување пешачки и велосипедски патеки, видиковци, рекреативни зони и места за одмор;
  • Развој на рурален и еко-туризам преку поддршка на локални домаќинства, етно куќи и мали туристички капацитети;
  • Туристичка валоризација и поголема видливост на културно-историските локалитети, цркви, археолошки наоѓалишта и споменици од револуционерното минато;
  • Организација на културни, музички, гастрономски и спортски манифестации кои ќе привлечат посетители од државата и регионот со јасен туристички фокус;
  • Креирање современа дигитална туристичка платформа со интерактивни мапи, информации за сместување, локални атракции и туристички настани;
  • Поддршка на локални производители и промоција на традиционални делчевски производи како дел од туристичката понуда;
  • Поставување туристичка сигнализација и информативни табли на македонски и англиски јазик;
  • Поврзување на Делчево со регионални туристички рути и создавање заеднички туристички пакети со соседните општини.

Особено значајно е развојот на туризмот да биде проследен со заштита на животната средина и одржливо користење на природните ресурси. Современиот турист денес бара автентично искуство, чиста природа, локална приказна и содржини кои нудат мир, рекреација и културна вредност — токму она што Делчево го поседува.

Општина Делчево какко најнадлежна институција за Локалниот економски развој и туризмот има огромни потенцијали за развој на локалното стопанство во функција на развој на туризмот. Во таа насока во голема мера може и Националната установа центар за култура “Никола Јонков Вапцаров” Делчево да помогне заедно со неколку граѓански организации кои активно може да се вклучат во целиот процес. Секако тука е неминовно учеството и на приватниот сектор кој што треба да ги “бере” плодовите од зголемениот развој на туризмот.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Со јасна стратегија, партнерство помеѓу локалната самоуправа, бизнис секторот и граѓаните, како и со активно користење на национални и европски фондови, Делчево може да се позиционира како современа, зелена и атрактивна туристичка дестинација.

Туризмот за Делчево и целиот регион на Пијанец и Малешево претставува силна економска можност, но исто така и шанса за афирмација на локалниот идентитет, традиција и природни убавини пред пошироката јавност.

Имаме со што да се претставиме пред светот и пред туристите.

Време е ваквите можности да почнеме да ги користиме многу повеќе

За авторот на оваа објава