ноември 4, 2026

Поранешните училишни згради во селата Габрово, Ѕвегор, Стамер и Вирче се даваат на користење на месните заедници

sovet_1_2
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace

На денешниот Дневен ред од 18-та седница на Советот на општина Делчево се разгледуваа 9 точки од страна на советниците, Една од поважните одлуки беше Одлуката за донесување на програмата за измена и дополнување на Програмата за активностите на месните и урбаните заедници на територијата на општина Делчево за 2026 година со која де факто на месните заедници во селата Габрово, Ѕвегор, Стамер и Вирче им се даваат на користење на поранешните училишни згради во овие села.

Објектите, кои остануваат во сопственост на Општина Делчево, месните заедници ќе можат да се користат за состаноци, собири и други активности од локално значење, како и за културни, општествени, информативни и едукативни активности.

Понатаму беше донесена Одлука за ослободување од партиципација за престој во детската градинка на 15 деца Роми на возраст од 3 до 6 години, кои се во социјален ризик, за учебната 2026/2027 година.

Трошоците за престој на децата во ОЈУДГ „Весели цветови“ ќе бидат покриени преку блок-дотацијата што Општина Делчево ја добива од Министерството за социјална политика, демографија и млади.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

На седницата Советот ја разгледа и Иницијативата на група граѓани за основање на Урбана заедница „Пролет“, при што беше оценето дека се исполнети условите и потребите за основање на овој облик на месна самоуправа.

Советниците го усвоија и финансискиот и наративниот Извештај за манифестацијата „Делчевско културно лето 2026“, реализирана од Здружението за култура и уметност „Креатива плус“ од Струмица.

На 18. Седница беа донесени и одлуки за давање согласност за примање донација – патничко моторно возило, одобрување финансиски средства по поднесено барање, како и согласност на измената на Годишниот план за вработување на Јавната локална библиотека „Илинден“ – Делчево за 2026 година.

За авторот на оваа објава