ноември 4, 2026

Општина Делчево го одбележа Светскиот ден без автомобили

795472537_1716826890444320_523090812186420640_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

По повод Светскиот ден без автомобили (World car free day) кој секоја година се одбележува на 22 септември и Европската недела на мобилност, денеска во ООУ „Св.Климент Охридски“ Делчево со Велобус пристигнаа над 50 ученици придружувани од родители и волонтери.

Трасите на движење на Велобус, групите и временските термини беа однапред утврдени и објавени, преку што се овозможува организирано и безбедно движење на учениците. Учениците дополнително беа обележани со рефлектирачки елеци за полесна видливост од страна на другите учесници во сообраќајот.

Во активноста се вклучија и најмалите од детската градинка „Весели цветови“ кои на мини полигон ги учеа трите основни вежби поврзани со движење во правец, обиколување на пречка и безбедно застанување.

На овој начин се промовира одржлива мобилност, безбедност во сообраќајот и навики за поздрав начин на живот и патување, а истовремено се намалува употребата на автомобили околу училиштата. Оваа иницијатива е одговор на намалената физичка активност кај децата, зголемената употреба на автомобилите за патување кон училиштата и сообраќајните ризици кои тие ги предизвикуваат.

Во рамки на активностите за одбележување на овој ден на нашиот сограѓанин Орце Јанковски од страна на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Делчево му беше доделена Благодарница за поддршка на велосипедизмот во Делчево преку поправка и одржување на велосипеди.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Оваа активност беше спроведена во организација на ОСБСП Делчево и во соработка со Општина Делчево, МВР-ОВР Делчево, МВР РЦГР Исток и ООУ „Св.Климент Охридски“ и детска градинка „Весели цветови“.

Извор: Општина Делчево

За авторот на оваа објава