ноември 4, 2026

Изминатата недела Делчево доби три нови улици во населбата СРЦ, најава на нов проект за жителите на оваа населба

813361299_1403054648630729_1265547184333854904_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски пред неколку денови ја соопшти информацијата дека завршија градежните работи од реализацијата на проектот за изградба на три улици за жителите во населбата “Спортско рекреативен центар” во Делчево.

Станува збор за поголема инвестиција од над 10 милиони денари кои што се обезбедени од сретства од Македонската Влада преку Министерството за транспорт.

“Населбата СРЦ е побогата за уште три нови улици.

Со задоволство објавувам дека завршија градежните работи за изградба на улиците во должина од 400 метри, а на овој потег претходно е изградена и подземната инфрструктура: атмосферска канализација во должина од 538, фекална во должина од 165м и водоводна во должина од 304 м. Вкупната вредност на овој проект изнесува 10.204.477 ден. средства обезбедени од Владата преку Министерството за транспорт, а изведувач на работите е ДПТУ ОСД Кирил ДООЕЛ експорт-импорт Штип.

Тоа е билансот од работите изминатиов период во населбата и со реализацијата на овој проект се реши долгогодишниот проблем со патната и друг вид инфраструктура во оваа делчевска населба и се создадоа услови за безбедно, функционално и модерно домување на жителите и современи урбани услови за развој на населбата

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Кога градиме улица, не градиме само пат – создаваме услови за подобар и поквалитетен живот.

Наш приоритет е инфраструктурата да стигне до секоја населба и секој дел од Делчево, затоа што рамномерниот развој значи еднакви услови за живот за сите наши граѓани. Овој проект е уште еден конкретен чекор во таа насока и доказ дека со поддршка од Владата и со добро планирање можеме да реализираме проекти што директно го менуваат секојдневието на граѓаните.

Наскоро во населбата СРЦ почнува реализацијата на нови рпоекти финансирани од општинскиот Буџет.

Продолжуваме со силно темпо да го градиме Делчево!!”

-напиша на социјалните мрежи градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски во врска со реализацијата на овие проекти за жителите на населбата “СРЦ” во Делчево

За авторот на оваа објава