ноември 4, 2026

Во понеделник Делчево ќе биде домаќин на градоначалниците на Источниот плански регион

karta_IPR
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Во понеделник 14.09.2026 година Градоначалникот оа општина Делчево ќе ги дочека 10 те градоначалници од останатите општинио од Источниот плански регион на седница на Советот на градоначалници на ИПР.

Седницата на која ќе се разгледуваат повеќе точки на дневен ред ќе започне во 11.00 часот во Мултимедијалниот центар во Спомен домот АСНОМ во Делчево

Седницата на која е најавено присуството и на Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на дневниот ред се состои од следните точки:

1. Презентација на Патоказ за Зелена Агенда за Источен плански регион 2025–2030 година од Центар за климатски промени, со предлог Одлука за усвојување;

2. Предлог – Одлука за одобрување на експертски/координативен тим формиран од Центарот за развој на Источен плански регион;

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

3. Предлог – Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за плати и надоместоци на вработените во Центарот за развој на Источен плански регион;

4, Информација за реализација на проект „Ревизија, ажурирање и дополнување на постојната физибилити студија за Ски центар Царев Врв со идеен проект“;

5. Дискусија за проект Регионален центар за згрижување и контрола на популацијата на кучиња скитници и ветеринарно здравство во Источен плански регион;

Ова ќе биде 5 седница по ред на Источниот плански регион која ќе се одржи во актуелниот состав на градоначалниците од 11 општини по минатогодишните локални избори.

За авторот на оваа објава