ноември 4, 2026

Денеска во Делчево заживува старото корзо со многу модерни и светски улични забавувачи- Баскерфест во Делчево

panirama_dron_centar_delchevo
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Општина Делчево ја известува јавноста дека в сабота на 29.08.2026 година со почеток од 20:30ч до 23:00ч на улицата „Методи Митевски Брицо“ (од семафорите до крстосницата пред мостот на река Брегалница) ќе се одржи настан „Караванот на насмевки е тука – БАСКЕРФЕСТ ВО ДЕЛЧЕВО 2026“ при што сообраќајот на оваа улица во наведениот временски период ќе биде во целосен прекин. 

Сообраќајот од мостот на река Брегалница се пренасочува по улиците „Љубомир Белогаски“ (поранешна „Светозар Марковиќ“ и „Кеј на Ослободувањето“, а во правец од Милково Брдо по Булевар Македонија.

Општина Делчево, воедно, апелира до граѓаните возилата да ги паркираат на расположливите паркиралишта во градот Делчево и да го имаат предвид изменетиот режим на сообраќај при планирање на нивните патувања.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

За авторот на оваа објава