Гостите од Рача и Крагујевац со емотивно пристигнување во Делчево: Многу прегратки, многу радост и емоции
Пред малку пристигнаа гостите од соседна Србија во центарот на Делчево. Во рамки на манифестацијата “Голачки фолклорни средби 2026” на летната сцена во Делчево ќе се претстават фолклорното друштва од Рача и Крагуевац со кои во Делчево ќе присуствуваат и официјални делегации на овие две општини.
Тие беа пречекани од страна на градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски како и од страна на Директорот на НУКЦ “Никола Јонков Вапцаров” од Делчево како домаќини во Спомен домот АСНОМ во центарот на градот.
“Добредојде за нашите гости од Република Србија!
Денес во Делчево пристигнаа нашите драги гости и пријатели од Рача и Крагуевац – Република Србија, кои ќе бидат дел од 31 Голачки фолклорни средби 2026. ![]()
![]()
![]()
Со особена радост ги пречекуваме и им посакуваме пријатен престој, убави моменти, нови пријателства и незаборавни спомени од Делчево и Голачките фолклорни средби.
Фолклорот ги поврзува луѓето, ги чува традициите и создава пријателства без граници.
Добредојдовте во Делчево! Ви посакуваме успешен настап и прекрасни фестивалски денови!”
-напишаа на социјалните мрежи од НУЦК “Никола Јонкков Вапцаров” Делчево во врска со оваа посета.
