ноември 24, 2026

ДЗС ја достави новата опрема на делчевските пожарникари

742800508_1648793307248934_2266603844140663492_n
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Сподели

Како дел од постојаната соработка меѓу институциите пожарникарите од ТППЕ Делчево денеска извршија прием на новата опрема која ќе им помогне за подобра техничка опременост и подготвеност за одговор на евентуални кризни ситуации.

Станува збор за доделување на нова опрема за пожарникарите за брз одговор на појава на пожар која се состои од повеќе единици на грбни резервоари за вода т.н. напртњачи, агрегат и мотор за вода кои што Дирекцијата за заштита и спасување ги достави на ТППЕ Делчево.

За ваквата континуирана и успешна соработка меѓу ТППЕ Делчево и ДЗС градоначалникот на општина Делчево упати своја порака со благодарност за остварената соработка.

“Денес, нашата ТППЕ-Делчево ја доби и презентираше новата противпожарна опрема, обезбедена преку нашата успешна комуникација и соработка со Дирекцијата за заштита и спасување.

Како локална самоуправа, остануваме целосно посветени на зајакнување на капацитетите на нашата Територијална противпожарна единица, со цел таа секогаш да биде подготвена да одговори на предизвиците и да ги заштити граѓаните и нивниот имот.

HTML Image as link Овој маркетинг банер може да биде ваш прозорец кон светот
An image from Squarespace

Се надевам дека оваа опрема ќе служи како гаранција за поголема безбедност, а не дека ќе има потреба да биде употребена. Затоа, упатувам искрен апел до сите граѓани да бидат максимално внимателни, да не палат оган на отворен простор и одговорно да се однесуваат во природа. Само со заедничка грижа и одговорност можеме да спречиме пожари и да ги зачуваме нашите шуми, имоти и човечки животи.

Инаку оваа е втора донација на Дирекцијата за заштита и спасување и само пред неколку месеци преку нив беше обезбедено и амбулантно возило за потребите на пациентите на Здравствениот дом “Гоце Делчев” од Делчево.”

-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски

За авторот на оваа објава